Александер Албон од Ред Бул признава дека изгубил малку самодоверба откако заврши во бариерите на вториот петочен тренинг. Младиот возач на Ред Бул ги блокираше предните тркала и заврши во бариерите по што замина во гаражата да му се промени предното крило. Тој излезе при крајот на сесијата и постави 5то најбрзо време.

Ги блокирав тркалата претходниот круг. Многу форсирав и повторно ми се случи истото. Очекував дека ќе поминам полошо – изјави албон.

Ова е прво искуство за Албон во Сингапур каде тој брзо научи дека нема место за грешка.

Патеката е многу техничка и една грешка уништува се. Не смее да се има грешки бидејќи ѕидовите се блиску. Сеуште не сум самоуверен за квалификациите.