Спортска Регулатива

За одржување на безбедноста на натпреварувачите во текот на викендот, особено во случај на сериозен инцидент или лоши временски услови, ФИА користи 2 метода: Безбедносно Возило или Виртуелно Безбедносно Возило (VSC).

Вториот метод се користи во ситуација на 2 жолти развеани знамиња во некој дел од патеката, а нема потреба за Безбедносното Возило.

Доколку се употреби Виртуелното Безбедносно Возило, тимовите се информирани преку официјалниот систем за пораки, додека возачите преку управувачот каде што стои VSC.

За време на Виртуелното Безбедносно Возило, возачите мораат да ја намалат својата брзина и да се движат над минималното време поставено од ФИА во секој сектор со редари. За прекршок, стјуардите може да доделат казна.

Возачите не смеат да возат намерно бавно, ератично или на начин кој е потенцијално опасен за другите конкуренти. Возачите не смеат да влезат во бокс, освен ако менуваат пневматици. Исто така не им е дозволено да претекнуваат, освен ако возачот пред нив влезе во бокс или сопре поради очигледен проблем.

Кога ќе биде повторно безбедно за да се прекине Виртуелното Безбедносно Возило, тимовите повторно се информирани. Во било кој момент 10 – 15 секунди покасно, панелите на ФИА ќе означат зелено светло и возачите можат да продолжат со тркање. ДРС зоната повторно се активира.

Во случај на многу посериозен инцидент, особено ако натпреварувачите или официјалните лица се во физичка опасност,  а истата не е доволна за да се прекине трката, тогаш се испраќа Безбедносното Возило на патеката.

Безбедносното Возило го вози искусен возач, а во него исто така е надгледувач од ФИА кој е постојана радио врска со Тркачката Контрола.

Безбедносното Возило ќе се приклучи на патеката со вклучени портокалови светла и сите возачи мора да се наредат позади истото. Претекнувањето не е дозволено, иако заостанатите болиди ќе бидат известени да го заобиколат.

Под одредени услови, ако на пример инцидентот блокира и насочува кон влезот во бокс, Безбедносното Возило може да помине низ истиот, при што на болидите им е дозволено да застанат во своите гаражи.

Кога Безбедносното Возило треба да ја напушти патеката, ќе се изгаснат портокаловите ротациони светла, укажувајќи им на возачите да се оддалечат. Возачите мораат да продолжат во истата формација се до првата линија за безбедносно возило, кадешто ќе се вклучат зелените светла и трката може да продолжи. Сепак, ДРС нема да биде активиран во наредните 2 круга.

Во несекојдневни случаи, како екстремно лоши временски услови, трката може да започне позади Безбедносното Возило, кое ќе ги вклучи своите портокалови светла 10 минути пред стартот на трката и возачите ќе го следат истото во наредните кругови.

Претекнување во овој круг не е дозволено, само доколку болид има проблем со стартот, во којшто случај возачот кој имал проблем смее да се приклучи кон својата почетна позиција. Доколку не успее да се врати во таа позиција пред крајот на овој круг, тој мора да влезе во бокс и да се приклучи во трката откако сите болиди ќе ја поминат стартно целната рамнина.

Доколку трката започнува во услови на дожд, Безбедносното Возило ќе го поведе гридот, но ќе се врати во боксовите, додека болидите ќе се наместат на гридот. Доколку условите не се подобрат доволно за старт од место, може да се користи старт во движење.

Доколку условите во еден инцидент се толку лоши за трката да биде суспендирана, црвени знамиња ќе бидат истакнати ширум целата патека. Кога ќе се случи тоа, излезот од боксовите ќе биде затворен и сите болиди мора да се вратат полека во боксот, без претекнување и да застанат.

Тимовите можат да работат на болидите, но не е дозволено долевање на гориво.

На болидите кои веќе биле во бокс кога било истакнато црвеното знаме, тимовите исто така имаат право да работат, а потоа да се вратат во позицијата во која биле пред да дојде до прекин. Болидите не смеат да се тргнат од боксовите, освен доколку ФИА го одобри тоа.

Предупредување од 10 минути ќе им биде дадено на тимовите пред повторно да започне трката. На 3 минути пред старт, сите болиди мора да имаат вградени пневматици. На 2 минути пред старт, заостанатите болиди ќе имаат можност да извозат круг пред да се вратат на задниот дел од гридот.

Трката ќе продолжи позади Безбедносното Возило, кое потоа ќе се повлече во боксовите, освен доколку условите бараат уште еден круг или пак доколку сите болиди не се позади Безбедносното Возило. Дополнителни инциденти може да го продолжат периодот на Безбедносно Возило.

Претекнувањето не е дозволено, освен доколку возачот касни при излез од боксовите, што пак ги тера останатите да го претекнат. Во тој случај, тој возач има право да ги заобиколи сите и да се врати во својата позиција. Доколку не успее, тој мора да се врати во боксот и да се приклучи во задниот дел од гридот.

Доколку трката неможе да продолжи, резултатите ќе бидат пресметани согласно позициите пред периодот на прекин.

Иако прекинот на трката не се зема во предвид во максималното време од 2 часа за една трка, ниту една трка не смее да трае повеќе од 4 часа.