Шефот на Скудерија Ферари, Матиа Биното, смета дека им треба безгрешна и совршена работа во сите области доколку сакаат да ги победат ривалите на јапонска Сузука.

Славната италијанска екипа победи на сите квалификации по крајот на летната пауза, а на трките има 3 триумфи од 4 извозени тркачки викенди, не победија само пред две недели во Русија.

Биното верува дека може да бидат побрзи од Ферари во Јапонија, но во исто време смета и дека не смее да има проблеми за да стигнат до највисокото скалило на подиумот.

нашите перформанси беа добри во сочи и поради тоа успеавме да победиме 4 пати по ред на квалификациите, но знаеме дека за да бидеме напред во јапонија, секој аспект од нашата работа мора да биде совршен.

поради тоа одиме во сузука обидвуаји се да ги извадиме сите перформанси од пакетот со кој располагаме. ако успееме да го направиме тоа, тогаше ќе бидеме конкурентни како и на последните трки.

себастијан и шарл ја обожаваат оваа патека, има многу посебни работи на сузука од текот на кривините во првиот сектор до феноменалниот прием на фановите во текот на целиот викенд. се надеваме на возбудлива трка за уживање – изјави швајцарецот.