Валтери Ботас изјави дека ја платил цената за излетувањето на првиот тренинг во Сингапур. Финецот го пролизга задниот дел на болидот и влета во бариерите, а Мерцедес мораа да го поправаат болидот и да го подготват за Т2.

Беше тешко, во Т1 завршив прерано и мислев дека до тој момент се е во ред. Тогаш ми пролизга задниот дел и бидејќи нема каде да излетам ја платив цената. Тоа се случува – не е загрижен валтери.

Тој заврши со второ најбрзо време, но заостануваше 1,121 секунди зад колегата Луис Хамилтон.

Не сум сигурен што се случуваше, но немав доволно брзина на сите гуми и мислам дека не беше се во ред со болидот. Треба да видиме.

Не можев да бидам побрз. Единствена работа беше триење во системот за управување. Сигурно ќе видиме што било, но се сомневам. Мислам дека сме блиску со другите но Луис беше во топ форма денес.