Стручниот коментатор на Скај и поранешен Формула 1 возач, Мартин Брандл, смета дека Себастијан Фетел во моментов е возач кој ја загубил способноста за расудување и реакција по последната трка на Силверстон.

Германецот го удри Верстапен од позади за време ан нивната борба за 3то место откако ја промаши точката за кочење и уништи две трки.

За Брандл, инцидентот е уште една епизода од многуте грешки кои Себ ги прави сезонава по оние во Бахреин и Канада по што покажува дека веројатно се ближи залезот на неговата кариера.

дали има голема серија несреќни моменти или едноставно ги губи своите способности да расудува и реагира што покажува дека не може да се носи со притисокот при овие брзини.

ми се допаѓа многу и му се восхитувам на постигнувањата, интелектот и човечките вредности, но како стручен коментатор јас одамна ја загубив можноста да раководам со нешто во спортот.

како што имам видено, многу возачи на крајот од своите кариера едноставно ја губат способноста да расудуваат во блиските дуели на патеката – напиша брандл во своата колумна.

Но, и покрај тоа што смета дека Себ е при крајот и нема оправдување, Мартин се обиде и да го оправда.

знам дека на силверстон многу лесно се случуваат инциденти. формула 1 болидите немаат светла за сопирање и кочат пет пати посилно одошто најдобрите спортски автомобили.

како што паничите стискате пресилно на сопирачките, губите потисна сила во предниот дел, губите и грип и вашето два метра широко предно крило веќе е под болидот на ривалот кој го следите.

дополнително, кај фетел се закочија и десните тркала затоа што се надеваше дека од страна ќе го мине ред бул што беше клучно во неговото забивање во верстапен.

кочите, тркалата се блокираат, брзината драстично се намалува и контактот е неизбежен.

Од друга страна, Брандл пишува дека Луис Хамилтон иако е постар од Фетел не покажува никакви знаци на пад во формата.

луис не прави такви грешки, а тој е 2,5 години постар од себ ако е тоа проблемот.

во меѓувреме леклер во другото ферари е се побрз и посамоуверен. се има брзина, но големо прашање е дали ќе успее дај а врати формата.