Зек Браун посочи дека Ероу Мекларен Рејсинг СП ќе го прими Фернандо Алонсо во тимот во ИндиКар, или како трет возач за новата екипа или како еднократно учество на Инди 500.

Мекларен и Смит Петерсон Моторспортс најавија дека заедно ќе формираат екипа за учество во НТТ ИндиКар серијата во 2020 година.

Ароу СПМ моментално ги има возачите Џејмс Хинчклиф и Маркус Ериксон, но во изјавата не беше спомнат возачкиот состав за 2020 година.

Хинчклиф има договор со СПМ за следната сезона, а Браун отрки дека Ароу Мекларен Рејсинг СП би можеле да го обединат шесткратниот победник во ИндиКар со помлад возач.

Џејмс Хинчклиф е одличен дел на тимот и има договор во 2020 година, а ние одвај чекаме да ги потврдиме нашите возачи. Како што започнуваме со анализата околу нашите заеднички планови, дури и по 2020 година, возачите и долгорочните мисли се едни од најважните, ако не и најважни елементи за успешен ИндиКар тим.

Одлуката не е донесена. Искуството е многу важно. Ако погледнете кон тоа што сторивме во Формула 1, имаме двајца млади возачи, еден дебитант, еден прилично искусен и тоа функционира многу добро со Ландо и Карлос.

Не велам дека ќе имаме идентичен пристап, но мислам дека тоа ви дава идеја околу начинот на кој размислуваме. Со Сем ќе го работиме ова многу блиску. Возачите се дел за кој тој е многу запознаен. Во иднина, нашите одлуки нема да бидат одлуки на Мекларен или на СПМ, туку заеднички одлуки. Ние сме сега еден тим.

Сосема очекувано, Фернандо Алонсо се зема во предвид како можен возач за Ароу Мекларен СП. Браун вели дека таа идеја постои, иако само како трет возач за 2020 година или еднократно учество на Инди 500.

Вратата е секогаш отворена за Фернандо. Тој е дел од нашето семејство, тој има договор со Мекларен и за првпат по долго време нема исполнет календар пред себе. Тој е очигледно запознаен со нашите активности, ќе се видам со него покасно во годината и ќе разговараме околу нашите планови и неговите и ќе видиме дали може да ги споиме.