Спортскиот шеф на Формула 1, Рос Браун, смета дека е клучно за Ферари да го оживеат Себастијан Фетел и да му ја вратат самодовербата на својот четирикратен првак за да им биде од корист следната година.

Германецот полека, но сигурно, влегува во сенка на својот млад и брз колега, особено откако Леклер “врза“ две победи и пол позиции по ред доминирајќи во Белгија и Италија. Фетел се изврте на Монца иако не беше притискан од никого, а направи “беља“ сакајќи да се врати на патеката кога имаше контакт со Ленс Строл.

Шлаг на тортата беа 10те секунди во место кои ги доби германецот и 3те казнени поени на својата суперлиценца, така што следниот сериозен прекршок ќе го суспендира на една трка.

фетел сигурно е еден од најголемите во спортот, но во ова тешко време му треба поддршка од тимот за да се ја врати самодовербата која во моментов ја нема. тоа заедно со притискањето за развој треба да биде приоритет за матиа биното во периодот кој следи. нема да биде лесно, но тоа е клучно за 2020 година – смета браун.

На квалификациите Ферари имаше тактика едне круг едниот возач да биде напред и да го повлече другиот, а потоа обратно. Но, Шарл не го испочитува тоа по хаосот кој настана во вториот дел на К3.

тоа што се случи на трката беше единствено до самиот фетел. себастијан направи две грешки во 7от круг, еднаш кога самиот се изврте, а потоа и кога го удри строл, а тие грешки изгледаат уште полошо по победата и начинот на кој стигна до неа од страна на леклер.

без разлика кој е возачот и колку е тој добар и тимот добар, вашиот тимски колега секогаш во е прв и главен конкурент. тоа себастијан го почувствува во својата последна година во ред бул (2014) кога се најде против даниел рикардо, млад и неверојтно брз.

Осврнувајќи се на јубилејната победа за Ферари во Италија, прва за возач од Маранело по 2010 година, Браун смета дека одбрамбениот потег за кој Леклер беше критикуван е одлика на голем шампион.

возачот на ферари не се откажа и беше на лимитот, онолку колку што дозволуват правилата како што секогаш треба да биде еден голем шампион. всушност леклер беше мнгоу присебен во начинот на кој ја совлада ситуацијата на бизарните квалификации во сабота.

по победата во спа претходната недела тој повторно имаше неверојатен викенд. она што најмногу ме импресионира кај него е колку брзо учи од се што прави, се подобрува буквално секогаш, како возач и како човек.