Формула 1 тимот на Вилијамс забележи значителна загуба за првото полугодие од 2019 година, плаќајќи ја цената за очајно лошата мината сезона.

Екипата “падна“ од 5то на 10то место минатата сезона што значи и голем пад на приходите кои ги добива од Формула 1 за пласманот и освоените поени. Дополнително во Гроув ги загубија и Ленс Строл и Сергеј Сироткин кои скапо ги плаќаа своите места во екипата, а и главниот спонзор Мартини.

Сепак, најголем поддржувач стана мобилната компанија Рокит, а Роберт Кубица со себе го донесе и полскиот нафтен гигант Орлен.

Сепак, Формула 1 тимот имаше приходи од 46,3 милиони фунти за првит ешест месеци со годината, што е помалку од 60,7 милиони фунти приходувани лани. Загубата пред камата, данок, депрецијација и амортизација е 16,8 милиони фунти што е голем пад по ланскиот профи од 200 илјади фунти.

Сестринската Williams Advanced Engineering забележа пораст на приходите од 21,5 милиони фунти на 30,9 милиони фунти, поради што вкупните приходи на Williams Grand Prix Holdings се намалени од 82,6 милиони фунти на 77,8 милиони фунти.

финансиските резултати отсликуваат тежок прв дел од годината за формула 1 тимот, но покажуваат константен раст на сестринската Williams Advanced Engineering. формула 1 финансискит ерезултати отсликуваат лош финиш на ланската сезона во конструкторскоиот шампионат и намалување на парите кои се добиваат од наградниот фонд.

намалување имаше и кај приходите од спонзорите иако ги обезбедивме рокит и орлен како наши партнери.

иако имаме тешка сезона на патеката, знаци за подобрување гледаме и продолжуваме да бидеме цел на интерес од партнери како еден од најтрофејните и најстарите тимови на гридот.

неодамна го продолживме договорот со рокит како наши главни партнери за две години, така што тие ќе бидат со нас барем со 2023 година – велат од вилијамс,