Возачот на Ред Бул, французинот Пјер Гасли, ќе ги користи единствено сетирањата од болидот на Макс Верстапен за да “се извади“ од лошата форма која ја има на првите девет трки од сезоната.

Возачот освои 43 поени сезонава што е речиси три пати помалку од 126те кои Макс Верстапен го ставаат на 3то место во возачкиот поредок, а проблемот да биде поголем, Гасли беше минат за цел круг на последната трка во Австрија.

Доктор Хелмут Марко ја опиша формата на Пјер како незадоволитена и објасни дека со цел да се подобри формата, ќе се копира сетирањето од болидот на Верстапне.

гасли не ги оправдува нашите очекувања и се обидуваме да му помогнеме. менуваме многу работи, адаптираме за да му помогнеме, но тој мора да испорача на патеката.

секогаш бараше грешка во болидот или шасијата, но ние направивме темелни проверки и се беше во ред.

наш став е дека мораме целосно да го поддржиме на најдобар можен начин и во иднина ќе вози со сетирањата на макс од почетокот на викендот затоа што тој има повее искуство во себе и поискусен тим инженери.

со сетирањето кое ќе му го направиме, ќе му биде дозволено да промени малку за да го прилагоди на својот возачки стил, но не смее драстично да отстапува од базата. до сега експериментираше доста и тоа не донесе ништо позитивно – опиша марко.

Пристапот со копирање на сетирањето бил применет во Австрија по разочарувачката трка во Франција, каде Гасли заврши на 10то место по казната на Даниел Рикардо.

Кристијан Хорнер, првиот човек на екипата, смета дека возачот треба да ги елиминира сите одвлекувања на вниманието како обидот да дојде на ниво на Макс Верстапен и да не дозволи критиките да доаѓаат до него.

треба едноставно да сврти нов лист во однос на се што се случувало на првит етрки и да се фокусира на она што следи. имаше и добри моменти, но и разочарувачки периоди поради што треба да се ресетира и да не се фокусира на податоците и на тоа да биде совршен. треба само да вози, да сае трка и да го игнорира својот колега.

тоа е мојот совет до него, исклучи го телефонот, игнорирај ги социјалните медиуми и само вози. почнува да наоѓа самодоверба, почнува да се снаоѓа и треба брзо да се изолира од се затоа што тој е одличен возач.

Доктор Марко смета дек аработите почнале да одат во погрешна насока за време на предсезонските тестови кога возачов два пати имаше судар и уништи голем дел од болидот.

од почетокот не му оди со два судари на тестовите во барселона. од тогаш е несигурен во себе. кога има простор и слобода, секогаш има одлични времиња, но се на се не е добро.