Феноменално, лудо, неверојатно, неизвесно Германско Гранд При и тоа е малку да се каже. Најдоборото на крајот го извлече Макс Верстапен, почна од прво место, имаше среќа, одлична тактика и победи. Зад Него Себастијан Фетел кој почна последен, финишираше на 2ро место повторувајќи го успехот на Хуан Пабло Монтоја од 2005 година. Последен на подиумот, ни на сон, Даниил Квјат, трети подиум за него во кариерата, можеше да биде и место погоре, но загуби позиција на два круга пред крајот.

Ленс Строл исто така фантастично се држеше, долго време го мачеше Валтери Ботас кој не успеа да го мине, и заврши на 4то место пред Карлос Саинз кој најголем дел од првиот круг го возеше надвор од патеката, а во еден момент излета, се изврте и во рикверц се враќаше на асфалтот.

Двојнтие поени за Торо Росо ги дополни Алекс Албон кој го задржа Пјер Гасли голем дел од последниот сегмент и донесе поени преку 6то место. Следуваа двајцата возачи на Алфа ромео, 7мо место за Кими, зад него втори поени сезонава за Џовинаци. Последните две места за возачите на Хаас, Роман Гросжан пред Кевин Магнусен иако на неколку кругови пред крајот се допреа, слично како на Силверстон, но без последици.

Трката почна зад безбедносното возило неколку кругови, но Мајкл Маси реши дека може да се почне од место. Стартот беше фантастичен, Верстапен остана во место и загуби неколку позиции, а по крајот на првиот круг поведе Хамилтон, пред Ботас и Раиконен , следуваа Верстапен, Хулкенберг и Леклер, а Фетел надомести 6 позиции и беше 14ти по првата обиколка.

Верстсапен го мина Раиконен за трето место во вториот круг, но вниманието го привлече Чеко Перез кој се изврте излегувајќи од една кривина и го донесе првото безбедносно возило на патеката. Искористи Себастијан Фетел кој своите гуми за дожд ги замени со интерметиа, а истото го сторија и Алфа Ромео и Торо Росо кои во тие моменти беа околу него. Следниот круг и водечките минаа на интермедиа и по целата таа мешаница поведе Хамилтон пред Магнусен, Ботас, Верстапен, Строл и Шарл леклер, но Хаас и Рејсинг Поинт сеуште беа на првите дождливи сини гуми.

Промената кај Шарл не беше глатка и во тоа брзање беше небезбедно пуштен пред Роман Гросжан кој беше доволно внимателен да не удри во него. Стјуардите го анализираа инцидентот и се решија само за парична казна за Ферари.

Во кругот број 5 се повлече безбедносното возило, Леклер веднаш го мина Строла за 5то место, Ботас и Верстапен го минаа неконкурентниот Магнусен, а Фетел веќе беше на 10то место. Следниот круг Магнусен падна дури на 6то место откако беше минат и од Шарл Леклер и Нико Хулкенберг, а два круга подоцна загуби позиција и од Кими и Себ.

Второто откажување дојде во 15от круг кога не издржа моторот на Даниел Рикардо, кој се паркираше крај патеката. За оваа трка тој го користеше стариот мотор од Мелбурн, кој очигледо беше “тапа“. Ова донесе виртуелно безбедосно возило, а потоа следеше борба помеѓу Макс Верстапен и Валтери Ботас.

Кругот број 19 беше моментот кога Карлос Саинз се изврте крај патеката, беше во место, најде рикверц, изманеврира и успеа да се врати на патеката, но беше 8ми, а се врати како 15ти.

Први на мазни гуми се решија Хаас кои повторно ризикуваа со Кевин во 23от круг, а следниот тоа го направи и Фетел кој од 7мо падна на 13то место. Два круга по нив и Верстапен промени на мазни гуми, но за разлика од оние кои променија пред него на софт, холанѓанецот доби медиум. Покривајќи ја неговата стратегија, истото го направи и Ботас следниот круг.

Ландо Норис се откажа во 28от круг откако промени на мазни гуми откако пријави губење на сила од моторот. Стапи на сила виртуелно безбедносно возило што му донесе “ефтино“ менување гуми на Шарл Леклер кој се врати на 2ро место веднаш зад Хамилтон. Луис веднаш реагираше, а Шарл брзаше за да искористи гаснење на виртуелното безбедносно возило и прв ја проба оградата на последната кривина забивајќи се во неа на трка каде беше маестраен од првиот момент. Втор пат Бернд Мајлендер со безбедносното возило се појави на патеката.

Дождов повторно се појави, Хамилтон се изврте на исто место како и Леклер, но успеа да изманеврира и да не заврши во оградата. Сепак, на патот накај боксот влезе од погрешна страна на столбчето и поради тоа стјуардите го казнија со 5 секунди. Безбедносното возило го искорсити и Ботас, а поредокот беше Верстапен, Хулкенберг, Ботас, Албон, Хамилтон, Саинз, Раиконен Фетел.

Безбедноното возило се повлече во 34от круг кога Фетел веднаш нападна и го мина Гасли за 8мо место. Стјуардите во овој период објавија дека ќе го итражуваат пребавното возење на Хамилтон под безбедносно возило затоа што британецот веројатно ги чекал механиачрите да се подготват за промена.

Два круга подоцна Луис го мина Албон за 4то, следниот круг Ботас го исчисти Хулк за 2ро, а за 3то истото го стори и Хамилтон.

Кругот 41 донесе трето безбедносно возило откако Хулкенберг на последната кривина како и многу други излета и заврши во ограда, а имаше шанса за првиот подиум во кариерата. Верстапен и Фетел променија гуми и монтираа нови интермедиа за време на безбедносното возило кое траеше 5 кругови. Ленс Строл беше прв кој монтираше мазни гуми.

Кругот број 47 беше моментот кога мазни гуми монтираа сите од поредокот освен Хамилтон, Раиконен, фетел, џовинаци и Норис, кои влегоа круг подоцна и загубија многу позиции. Хамилтон мораше и 5 секунди да седи во место за да ја отслужи казната по што падна на 12то место, а во 53от круг се изврте и беше 13ти. До крајот ја трката влезе уште два пати во бокс.

Во 54от круг Фетел го мина Албон за 6то, следниот круг болидите на Хаас повторно имаа контакт, но овој пат без последици. Кругот 57 го донесе 4то безбедносно возило откако Ботас се заби во оградата по неколку кругови обиди да го мине Ленс Строл. Во 60от круг безбедносното возило се повлече и остави 4 одлични кругови трка.

Фетел нападна и го мина Саинз за 4то, по два круга и Ленс Строл за 3то, а круг пред крај и Даниил Квјат за 2ро место.

Албон и Гасли имаа дуел за 6то, Пјер претера во дуелот и заврши со скршено крило и ддупната гума на круг пред крај. Овој инцидент сеуште се истражува.

Дождот донесе трка за паметење. Благодарност до Валдет Адеми за соработката.