Се појавија гласини кои наведуваат дека Мекларен и Фернандо Алонсо ја прекинале својата соработка, по еден месец по нивното поразително учество во квалификациите за Инди 500.

Според Motorsport Magazine, Мекларен и Алонсо немаат понатамошни планови за соработка во иднина и се разделиле под добри услови.

Иако си замина од Формула 1 на крајот на минатата сезона, Алонсо остана поврзан со Мекларен како нивен амбасадор, но и како возач, тестирајќи го болидот во Бахреин, како и преку учеството на Инди 500.

Спротивно од 2017 година кога нивото учество во легендарната трка на американскиот континент, менаџирано од Андрети Аутоспорт, тимот годинава одлучи да има самостојно учество. Сепак нивните напори се покажаа како серија од комични грешки, а во квалификациите Алонсо не успеа да биде дел од 33 болиди кои учествуваат во трката.

Откако го заврши своето учество со Хонда во ВЕЦ со втора победа на 24 часа ЛеМан, агендата на Алонсо до крајот на сезоната е непозната, иако се шпекулира дека е вклучен во развој и тестови со Тојота за учество во Рели Дакар.

Официјална потврда од Мекларен и Алонсо сеуште нема околу нивното разделување, но тимот од скоро изјави дека немаат планови во блиска иднина или проекти во кои двете страни ќе бидат вклучени.

Фернандо, како и сите сегашни и поранешни возачи на Мекларен, секогаш ќе биде дел од Мекларен семејството и имаме силна врска со него. Немаме планови со него за идни Формула 1 тестови годинава, бидејќи нашиот фокус е кон Карлос и Ландо.

Тој е слободен да цели кон други можности во моторспортот и ние ќе го подржуваме во истите – гласи изјавата од Мекларен.