Шарл Леклер во својата кариера има возено мотори, но по посетата на Мото ГП трката во Муџело, сака да проба машина од таа серија.

Возачот на Ферари беше поддршка на Данило Петручи кој на радост на домашните фанови со италијански Дукати победи на домашната трка.

Иако Леклер е на самиот почеток од својата Формула 1 кариера, сепак дефинитивно Мото ГП за него има голем интерес.

импресивно е. ова е моја прва посета на мото гп трка. брзините кои ги возат низ кривините се неверојатни. на две тркала со таква брзина, тоа е лудо.

имав слободен ден и решив да дојдам овдека на трката.

возев во муџело во формула 3, а сега сум за прв пат повторно овде во мото гп и дефинитивно сакам да пробам некој ваков мотор. можеби нема да можам да возам некој ваков веднаш, но ако повежбам сигурен сум дека ќе биде одлично.

на крајот на денот, наместо четири тркала има две, но страста е иста и одлично е да се види.