Шарл Леклер стигна до две “врзани“ победи кои се први за него во неговата Формула 1 тркачка кариера и смета дека тоа е доказ оти Ферари биле во право, а критичарите не.

Минатата година Скудерија направи преседан за една врвна екипа, решавајќи да го отпушти искусниот шампион Кими Раиконен и на негово место да го донесе младиот и многу брз Шарл Леклер кој имаше само една Формула 1 сезона зад себе.

Младиот возач водеше во Бахреин и не победи само поради моторот, во Австрија беше минат во последниот круг, а доминираше и со сесиите во Баку пред да се судри, но конечно на Спа и Монца беше фантастичен со две пол позиции и исто толку победи.

немав лесен почеток на сезоната и направив неколку грешки, но никогаш не барав оправдување. многу пораснав и напреднав од почетокот на годината.

ги разбрав критичарите годинава, млад сум и само во својата втора формула 1 сезона, а веќ есум во ферари и сите очекуваа многу од мене. само сакам да им кажам на ферари дека сум благодарен што веруваа во мене затоа што имаа многу податоци за анализа на моето возење.

немаа лесна одлука и на крајот овие резултати се само благодарност до нив и се надевам дека ќе им носам уште многу победи во иднина – изјави леклер.

Опишувајќи го притисокот под кои го ставиле нападите од двајцата возачи на Мерцедес, тој изјави дека е свесен за тоа колку е значајна првата победа на Ферари на домашен терен од 2010 година.

ова беше еден вид ослободување, слобода, така некако. 53 кругови изгледаа многу подолго од само толку.

како што реков имав огромен притисок зад себе и јасно е дека штом ја минав целта бев пресреќен и презадоволен.

Со послендата победа во Монца, Леклер е на само три поени од колегата Фетел и во потера по 3то место на Макс Верстапен.