Шарл Леклер откри дека неговито живот е поблизок до оној на Луис Хамилтон одошто до оној на Себатијан Фетел откако откри дека слично како и шампионот од Мерцедес, започнува свој моден бренд.

Откако мина во Ферари, одлично се покажа во својата прва година во Маранело, а втора во Формула 1, победи на две трки и освои шест пол позиции сезонава, по што младиот возач од Монако е една од најголемите ѕвезди во падокот.

Хамилтон често знае да каже дека неговите активности надвор од патеката многу му помагаат да се фокусира на патеките, нешто што го чувствува и Леклер.

како и луис, и јас ќе започнам своја модна линија, нешто што сакав да го направам долго време. во тој поглед ќе бидам повеќе како луис затоа што сакам да се пробам на други фронтови, пристап кој мислам дека ќе ми помогне дасе исклучам по тркачките викенди – објасни шарл.