Жителите на Мајами се контра плановите за организација на Формула 1 трка во областа околу стадионот Hard Rock во најголемиот град на Флорида.

Откако првичните планови за Формула 1 трка околу главното пристаниште во Мајами и Bayfront паркот пропаднаа поради негодување на населението, втора опција беше областа околу стадионот на НФЛ тимот на Мајами Долфинс, сопственост на Стивен Рос, кој е и промотер на евентуалната трка.

Областа околу стадинот беше поизводлива опција поради тоа што бара помалку одобрувања од владата и локалната власт, а најголем дел од патеката треба да минува низ паркинзи кои се во сопственост на стадионот. Сепак, патеката треба да користи и правец од околу половина милја кој се протега на јавен пат јужно од стадионот.

Претставници на стадионот се сретнале со локалните жители на областа Miami Gardens на јавен состанок и расправа околу намерата да се организира трката. Според весникот Miami Herald, вревата од Формула 1 болидите же биде над 120 децибели што е неприфатливо за локалните жители.

Колби Леидер, експертот за акустика кој во име на жителите спровел истражување, предупреди дека вревата може трајно го оштети слухот.

звукот е како да пукате петарди дома, а тоа никој не сака да му се случува во сопствениот двор – изјави леидер.

Маркус Бах-Армас, директор за правни работи и односи со владата во компанијата која е сопствеинк на стадионот, откри дека настанот би привлекол над 200 илјади посетители и со тоа би се слеале многу пари во градот.

ќе работиме со локалното население и локалната власт за да се осигураме дека никој нема да биде оштетен – вели бах-армас.