Формула 1 не се откажува од идејата да се придодаде Мајами на каледарот со целосно нова улична трка и покрај тоа што локалнит ежители еднашка ја отфрлија идејата, поради што мора да се најде алтернативна локација за трка.

Откако американците од Либерти Медиа ја превземаа Формула 1, константно бараат начин да придодадат втора трка во САД на календарот, гледајќи огромен потенцијал за зголемување на базата на фанови во Северна Америка.

размислуваме глобално и долгорочно за трка во мајами. тоа е дефинитивно град во кој сакаме да се тркаме затоа што е неверојатна дестинација, жив град, динамичен и одлично би се вклопил во формула календарот

се работи за сложен проект да се организира една улична трка кога се има повеќе акционери и многу локални интереси. тоа треба да се направи на начин кој ќе има најмал удел врз промената кај локалното население и бизнисите, но исто така ќе допринесе за нив. на долг рок тоа е многу тешко да се постигне.

се обидуваме да најдеме начин да организираме трка во мајами на локации кои го дозволуваат тоа, но тоа е предизвик и сложена операција која може на крајот да донесе одлична трка за сите вклучени во проектот – изјави глобалниот формула 1 директор за промоции и деловни односи.

Последна вест беше дека Формула 1 размислува за трка околу Хард Рок стадионот, дом на НФЛ тимот на Мајами Долфинс, сопственост на Стивен Рос кој е главниот зад идејата за трката.