Мерцедес не знаеле дали победникот на Канадското Гранд При, Луис Хамилтон, воопшто ќе стартува во трката, особено откако неговиот болид бил на делчиња во Недела наутро.

Хамилтон стигна до 5та победа во 7 трки годинава по долга битка со Себастијан Фетел, кој всушност победи на патеката, но падна на второ место поради контроверзната казна доделена по инцидент во 48от круг.

Тимскиот шеф на Мерцедес, Тото Волф, откри дека промена на хидрауличниот систем во болидот на Хамилтон во последен момент довело до драма која веќе била присутна.

Тоа што изгледа како победа беше всушност многу тежок викенд за тимот зад сцена. Имавме болид кој беше во милион делчиња поради истекувањето на хидрауликата.

Не бевме сигурни дали ќе може да се тркаме, дали ќе ја завршиме трката. Половина од тимот беше болен со грип, што никој не го виде. Само моравме да притискаме.

Моторот на Строл откажа, што не знаевме дали ќе влијае над нас.  Севкупно ова беше еден од најтешките тркачки викенди колку што паметам, иако тоа не изгледаше така.

Дополнителен стрес бил кога Луис се обидел да го претекне Себастијан и покрај тоа што требал да биде само во рамки од 5 секунди позади него.

Мислам дека сакаше да појасни дека ќе беше способен да го претекне на патеката и да каже дека победил на патеката. Наместо да победи поради казна од 5 секунди.

Тој тоа сакаше да го постигне. Го знаев тоа. Јас не бев задоволен со тоа бидејќи сопирачките се прегреваа, Но мислам дека тоа е став на тркачот и негова одлука.