Мерцедес потврдија дека почнуваат ново партнерство со производителот на очила Полис, што значи и посебна колекција очила на Луис Хамилтон.

Договорот подразбира многу заеднички проекти на Полис и Мерцедес, вклучително и опремување со очила за сите во тимот, вклучително и возачите и челниците на екипата.

Логото на Полис ќе биде присутно и на едната страна од кацигите на персоналот, како и на визирите од заштитнтие шлемови.

воодушевени сме што објавуваме партнерство со полис, светски лидер во дизајнот, производството и дистрибуцијата на високо квалитетни очила.

согласно договорот со полис, тие ќе бидат официјален снабдувач на екипата. очилата за сонце и оптичките очила на полис ќе се носат од нашите возачи луис хамилтон, валтери ботас и остатокот од тимот – потврдија од мерцедес.

Шампионите потврдија и дека Хамилтон ќе работи заедно со Полис за да создадат колекција очила.