Себастијан Фетел ги опиша денешните квалификации и перформанси на неговиот Ферари како чудни и мистериозни по лошото издание на Силверстон.

Германецот беше надвор од ритам во сите три квалификациски сегменти, во К2 само благодарение на својот последен солиден обид напредуваше во топ 10, а на крајот имаше брзина за најслаб возач од топ 3 екипите.

Заостатокот на крајот од квалификациите во однос на времето за пол позиција беше шест десетинки, а од К1 до К3 неговото време се подобри за само десетинка.

барем учествував. немав никаква брзина, вообичаено сте побрзи од к1 до к3 без ништо да направите, но денеска не беше така. мислам дека во к1 бевме исто брзи како во к3 и тоа е многу, многу чудно. немав добро чувство во болидот – појасни себастијан.

Во врска со квалификациите на неговиот колега, Фетел го изјави слендото:

мислам дека тој направи одлична работа, но за мојот круг немам никаков одговор. изгледа дека тој имаше предност во однос на мене во секој дел од кругот.

немам добро чувство во болидот цело попладне и некако се движам низ целата патека од една до друга страна.

мерцедес ќе бидат многу брзи на трка и ќе биде тешко да се бориме со нив, така што ќе биде интересно помеѓу нас и ред бул.

Пред 12 месеци Себ победи на Британското Гранд При.