Луис Хамилтон со нова 77ма победа, 4та за него сезонава, 3та во кариерата во Монако и 6та за Мерцедес сезонава откако имаше предолга серија на медиум и “плачење“ за гумите  повеќе од 50 кругови. Ферсари се враќа на подиумот преку второт место на Себастијан Фетел иако Макс Верстапен заврши зад Луис, но претходно доби казна од пет секунди. Најниското место на подиумот за вториот МЕрцедес возен од Валтери Ботас.

Немаше кој не го чекаше дождот во Монако уште од самиот старт на трката, облаците е надвиснуваа, сите чекаа да заврне пред да промена гуми, но дождот никгаш не дојде. Трката сите ја почнаа на софт освен возачите на Вилијамс, на Рејсинг Поинт како и Нико Хулкенберг од Рено и Шарл и домашниот Шатл Леклер.

Стартот не донесе големи возбуди, Верстапен го нападна Ботас, но некарактеристично за него се повлече пред првата кривина. Од водечките единствено Даниел Рикардо напредуваше и на почетокот го мина Кевин Магнусен од Хаас.

Човек на почетокот на трката беше Шарл Лекелр кој во кругот број 2 на свикот шнола го мина Ландо Норис на спектакуларен начин, а пет кругови подоцна на Портие го претекна и Роман Гросжан. Но, следниот круг го нападна и Хулкенберг, дуелот беше чист, но младиот возач закачи со задното десно тркало во бариерите при што цел круг возеше до дупната гума пред да влезе во бокс. Дупнатата гума се распаѓаше на патеката, остана многу остатоци од неа и од подот на СФ90 болидот така што неизбежно беше излегување на Безбедносното возило кое се задржа до 11от круг.

За време на Безбедносното возило водечките влегоа по нови гуми, возачите од топ 3 екипите имаа доволна предност за да си го задржат водството, но Рикардо и Магнусен заглавија назад во поредокот зад возачите кои не одбраа да променат.

Возбудлив момент се случи токму при промената. Мерцедес се реши повторно на двојно менување, Хамилтон беше брз зад Безбедносното возило, а Ботас ги забавуваше оние зад себе за да остави време да се изврши промената кај Луис. Но, Ред Бул беа побрзи од нив и го пуштија Верстапен назад во трка пред Ботас, но стјуардите долго го разгледуваа инцидентот и решија да го казнат Верстапен со 5 секунди. Валтери се врати следниот круг по нови гуми откако контактот ја дупна неговата само еден круг стара Пирели, но имаше повеќе од доволно место зад себе за да си ја заджри позицијата.

Безбедносното возило се повлече во 11от круг од кога почна плачењето на Хамилтон дека гумите не ги бива, бараше да се променат, буквално на неколку кругови се жалеше, но успеа да заврши, успеа да победи без некој поголем проблем.

Првото менување хард компонента доби Ботас, Фетел и Верстапен, додека Хамилтон доби медиум со кои комплетираше 67 кругови преполни со жалење.

Кругот број 15 беше моментот кога Роберт Кубица од Вилијамс и Антонио Џовинаци од Алфа Ромео се бореа за позиција на Раскас. италијанцеот беше од внатре, не дозволи да биде минат, полјакот се изврте и направи гужва и блокада на патеката. Сепак, немаше потреба за повторно излегување не Безбедносното возило, но Џовинаци доби 10 секунди казна.

Откако уништи голем дел од својот боли и промени на хард, Шарл Леклер немаше ритам, промени повторно на софт во кругот број 17, а следниот и се откаа откако не гледаше поента во возењето на последно место со очаен ритам.

Роман Гросжан беше херојот кој успеа 51 круг да вози со стартните софт гуми, влезе во бокс во тој круг, но ја нагази линијата многу несмасно и си доби казна од 5 секунди.

Од 14от круг кога се повлече Безбедносното возило се возече во поредокт Луис, Макс, Себ па Валтери. Луис се жалеше, Верстапен не успавше да мине иако се трудеше, но на седум кругови пред крајот доби насоки да го подесе својот болид и да го подготви за напад.

Два кругови пред крајот дојде нападот во пресрет на шиканата по тунелот, дуел имаше, контакт имаше, двајцата “ја утнаа“ патеката, но промена на позиции не се случи.

Пјер Гасли влезе во бокс на 10тина кругови пред крајот и два пати поставуваше најбрз круг, земајќи поен за тоа свое достигнвуање.

Хамилтон победи, Фетел зад него, Ботас трети, небезбедното пуштање на патеката го чинеше Верстапен 4то наместо второ место, а колегата Гасли беше зад него. Карлос Саинз рутинирано и искусно извозе за 6то место и најдобар од останатите, а по него беа двата болиди на Торо Росо и нови двојни поени за Фаенц,а Квјат пред Албон. Роман Гросжан заврши на 9то место, но со казната освои само поен, а неговото место го превзема Даниел Рикардо.