Маверик Вињалес стигна до својата и за Јамаха прва победа од 2019 година во трилер борба помеѓу тројца моторциклисти, вклучувајќи ги Марк Маркез и Фабио Куартаро.

По стартот, водството припадна на Сузуки со 1-2 помеѓу Алекс Ринс и Жиан Мир, но надежта на тимот пропадна по падот на Ринс во 9от свиок од третиот круг.

Набргу потоа, Мир направи грешка и Куартаро го превзеде водството, додека Вињалес и Маркез беа во топ 3. Маркез ја завзеде втората позиција со постојан притисок над Куартаро, додека Вињалес помина прешироко.

Мир имаше проблеми со својата Јамаха, неговиот мотор неколку пати се тресеше на правците, а Маркез го искористи тоа и го претекна во свиокот 6. Но и Маркез направи грешка во следниот круг, што му овозможи на Куартаро да го превземе водството.

До тој момент, Вињалес вршеше постојан притисок над Маркез, но не направи маневар, сепак шпанецот успеа да најде начин по грешка на моторциклистот на Хонда. Вињалес го превзеде водството по уште еден проблем на Куартаро, а набргу потоа французинот ја изгуби позицијата и од Маркез.

Маркез успеа да ја врати првата позиција по грешка на Вињалес, но и тоа траеше кратко, бидејќи Вињалес имаше импресивен маневар над возачот на Хонда. Вињалес успеа да ја зголеми предноста на половина секунда, што всушност и беше разликата помеѓу него и Маркез во текот на неколку кругови.

На околу 3 минути до крај, Вињалес конечно ја зголеми разликата преку една секунда, а Маркез не успеа да нападне. На крајот моторциклистот на Јамаха ја помина финиш линијата со 4.8 секунди предност. Маркез заврши на второ место, со што ја зголеми предноста пред Андреа Довициозо на 44 поени.