Моменталниот шампион во МотоГП, Марк Маркез, стигна до својата трета победа во сезоната со победа на Големата Награда на Франција и воедно ја овозможи 300та победа за Хонда во кралската класа.

Маркез, кој поведе од стартот, се одбрани од двата мотора на Дукати, возени од Данило Петручи и Џек Милер на почетокот, за потоа да создаде солидна предност и да стигне до втора последователна победа во Ле Ман.

Петручи го нападна Маркез на стартот во свиокот 1, но Маркез го задржа водството. Моторциклистот на Дукати се обиде повторно во следниот круг, но не успеа да ја задржи позицијата, а потоа тој падна на 5то место еден круг покасно.

Маркез не успеа да воспостави предност веднаш, а моторциклистот на Прамак, Џек Милер, набргу ја намали предноста и го превзеде водството во петтиот круг. Но Маркез го возврати ударот 2 кругови покасно.

Од тој момент Маркез почна да го покажува својот авторитет и направи предност од 1 секунда пред Милер во средина на трката.

Андреа Довициозо, кој падна на седмо место на стартот, надомести позиции до средина на трката. Сепак тој не беше во можност да го нападне Маркез, кој во тој момент веќе имаше 3 секунди предност и беше приморан да се брани од второто Дукати на Петручи.

Покрај постојаните дуели помеѓу Петручи и Довициозо, Милер го задржа четврттото место, со одбрана од Валентино Роси од Јамаха.

Тимскиот колега на Роси, Маверик Вињалес, падна на 14то место на почетокот и имаше мал напредок, пред да дојде до контакт со Пеко Бањаја во 7от круг по што и двајцата испаднаа од трката.

Следна трка во МотоГП првенството е Големата Награда на Италија во Мугело на 2ри Јуни.