Возачите на Рено не се разочарани во пресрет на летната пауза, туку со нетрпение ја очекуваат по тешкиот прв дел од сезоната кој го имаа.

Цел на француската фабричка екипа по првите 12 трки од сезоната беше да се доближат до врвните три екипи во првенството, но наместо тоа “паднаа“ зад Мекларен, а “ситно“ зад нив се и Торо Росо.

Даниел Рикардо е нетрпелив и задоволен што летната пауза е пред нив.

не сакам да кажам ништо негативно, но убаво е што ќе имаме шанса да се ресетираме и да го ревидираме сработеното. за мене е добро да видам што сум сработил по првите шест месеци со екипата – изјави рикардо.

Паузата е важна и за Нико Хулкенберг кој е под закана да го загуби местото во тимот за следната година.

многу сме полоши одошто очекувавме. не работевме доволно ефикасно на развојот годинава и треба да ја дознаеме причината поради тоа.