Снабдувачот со гуми во Формула 1, италијански Пирели, ги објави компонентите кои ќе им ги понуди на тимовите на Големата награда на Мексико, во вториот дел од сезоната.

Пирели ја намали својата гама на 5 компоненти за суви време сезонава, а го промени и системот по кој ги именува истите, така што Ц1 е најтврда компонента, а Ц5 е најмека.

За Автодромот Ерманос Родригез италијанците се решија за срединте три компоненти од својата гама, односно хард ќе биде Ц2, медиум ќе биде Ц3 и софт ќе биде Ц4. Тој избор е најмногу користен сезонава и Мексико Сити ќе биде 10то место во 2019 година каде Пирели ги носи истите гуми.

Вообичаено, тимовите избираат по 10 сетови од 13те кои ги имаат на располагање за време на еден тркачки викенд.