Тото Волф на име плата од Формула 1 тимот на Мерцедес инкасира 8 милиони евра годишно.

Информацијата ја пласираше австрискиот дневен весник Osterreich, а врз база на финансиските податоци од завршните сметки на компанијата за минатата година.

“Сребрените стрели“ потрошиле 350 милиони евра за водење на тимот кон нови двојни титули лани, а имале приход од 380 милиони евра, што значи забележале профит од 30 милиони евра.

Откриени се и платите на шефовите на тимот, а Тото Волф исто како и починатиот Ники Лауда биле платени со по 8 милиони евра на годишно ниво.