Индикар ќе почне да го користи аероскрин, патентот на Red Bull Advanced Technologies уште од следната тркачка сезона, а од компанијата изумител најавуваат дека нивниот пронајдот е многу посилен од хало системот за заштита на кокпитот и главите на возачите кои се користи во Формула 1.

Хало-то за прв пат беше користен во Формула 1 и јуниорските категории лани, а тестовите покажаа дека може да издржи 112 килоњутни притисок, а максималниот товар теоретски е 125 килоњутни. Аероскрин е дизајниран за во Индикар да може да издржи 25 килоњутни повеќе од хало.

Енди Дамерум, шефот на дделот за комерцијален развој на Red Bull Advanced Technologies изјави:

навикнавме на хало во формула 1, но знаеме дека силата којашто аероскрин може да ја издржи е 150 килоњутни, тоа е повеќе од хало.

сметам дека во моментов хало не може да се носи со аероскрин.