Екипата на Ред Бул ќе почека до Ноември и Американското Гранд При за да ја донесе одлуката околу возачкиот состав за следната сезона, односно кој ќе биде тимски колега на Макс Верстапен во 2020 година.

Верстапен моментално има договор и за 2020 година, по која истиот истекува. Иако годинава ја започна со Пјер Гасли, Ред Бул беа разочарани од французинот и го вратија назад во Торо Росо пред Белгија. Александер Албон го превзеде неговото место и се пласираше на 5то место во првата трка и 6то во Италија.

Хелмут Марко досега е импресиониран од Албон.

Тој добро се прилагоди, имаше силно деби во Белгија и го испорачува очекуваното. Тој го покажа тоа од самиот старт.

По Америка ќе ја анализираме состојбата и ќе одлучиме кој ќе вози во 2020 година.