Мерцедес стигнаа до нова 1-2 победа и останаа единствена екипа со победа на руското Гранд При во Сочи. “Сребрените“ стрели стратешки безгрешно одработија и го донесоа Хамилтон на врвот со Ботас зад себе откако совршено им се погодија најпрво виртуелното безбедносно возило, а потоа и она обичното возено од Мајлендер.

Најниското место на подиумот за возачот кој имаше најголема шанса за победа пред стартот на трката, односно за Шарл Леклер, а потоа следуваа двата болиди на Ред бул, Макс Верстапен пред Александер Албон. Карлос Саинз од Мекларен најдобар од останатите, додека Себастијан Фетел се откажа во 28от круг по проблеми со кинетичлкиот дел од моторот.

Трката почна одлично за италијанците кои остварија една половина од стратегијата која ја имаа планирано, Шарл Леклер остана на левата страна, не го блокираше Луис Хамилтон кој на медиум тргна некако тромаво, а со тоа Шарл го повлече Себастијан Фетел кој се катапултираше на првата позиција до 4та кривина. Вториот дел од стратегијата беше промена на позициите, враќање на Лекелр на чело, но Себ не сакаше да чуе ни за тоа, по што имаше 10-тина кругови расправа преку тимското радио на Ферари.

Добар старт имаше и Карлос Саинз кој го мина Валтери Ботас, а за малку ќе му го направеше истото и на Луис Хамилтон, но некако се откажа од битка со него.

Првиот круг имаше и судар кога Роман Гросжан минуваше од надворешниот дел на 4та кривина, на средина во сендвич беше Антонио Џовинаци, додека во внатрешниот дел беше Рикардо. Французинот од Хаас заврши во ограда, а Рикардо со дупната гума во бокс по крајот од првиот круг. Безбедносното возило се појави и остана на патеката до 3от круг.

Верстапен беше одличен и од почетокот на трката почна да надоместува, и по првите неколку кривини веќе имаше “ќарено“ позиција и беше 8ми. Во 8от круг Макс го мина Чеко Перез за 7мо место, а четири кругови подоцна и Ландо Норис и дојде до 6та позиција. Во 18от круг го претекна и Калрос Саинз и пред себе ги имаше само болидите на Ферари и Мерцедес.

Валтери Ботас си ја врати позицијата од Карлос Саинз во 7от круг и дојде до 4то место од кое стартуваше, додека во 15от круг Нико хулкенберг многу елегантно го мина Чеко Перез за 8мо место.

Мекларен први се решија да променат гуми, Ландо Норис во 20от круг, Саинз по него и двајцата променија на медиум и си ги задржаа позииите.

Во 22от круг прв од водечките промени гуми, односно Шарл Леклер кој стави медиум и од 2ро место “падна“ на 4то зад двата болиди на Мерцедес. Четири кругови подоцна нови медиум доби и Себастијан Фетел, но Леклер веќе ја имаше стопено неговата преднос и по излегувањето на патеката, возачите на Ферари си ги имаа променето позициите.

Тој 26ти круг беше крај и за Даниел Рикардо кој се паркираше во гаражата откако се покажа дека штетата од првиот круг е преголема за трка.

Кругот број 28 беше последен кој го извозе Себастијан Фетел кој драстично забави додека го бркаше својто колега и пријави дека има проблем со кинетичкиот МГУ-К дел велеји “вратете ги В12-ките назад“. Германецот се паркираше крај патеката и предизвика виртуелно безбедносно возило што Мерцедес експресно го искористи да промени на софт.

Додека траеше отстранувањето на Ферарито од крај патеката, Џорџ Расел како да остана без сопирачки и заврши во оградата, по што излезе на патеката нормалното бзбедносно возило. Вилијамс уште истиот круг се решија да го повлечат од трка и Роберт Кубица, а возачите почнаа да прават “бесплатна“ промена на гуми.

Во кругот број 31 по втор пат гуми промени Шарл Леклер од Ферари и свотие 9 кругови стари медиум ги промени на софт за да може да им парира на Мерцедес. Младиот возач од Монако беше на 2ро место пред промената, а излезе на 3то губејќи позиција само од Валтери Ботас. Кругот број 32 беше моментот кога безбедносното возило се повлече.

До крајот на трката имаше одлични борби помеѓу возачите на Торо Росо, но не беа за поени, Во 48от круг Алекс Албон го мина Карлос Саинз за 5то место.

На средина од трката Кими Раиконен доби казна за преран старт, а кон крајот на трката Кевин Магнусен “ќари“ 5 секунди поради тоа што ја скрати патеката и стекна предност од тоа. Данецот заврши 8мо место, но со казната е официјално 9ти.

Зад Карлос Саинз како најдобар од останатите финишираше Серхио Перз, а Ландо Норис, вториот Мекларен беше зад него. МАгнусен до два поени, а Нико Хулкенберг дојде до поен.