Медиумите пренесуваат дека Силверстон е многу блиску до останување на Формула 1 календарот откако преговорите со Либерти Медиа се одвивале во добра насока.

Според британски Daily mail, повеќегодишен договор помеѓу Либерти Медиа и БРДЦ кои се сопственици на автодромот е се поизвесен и истото би требало да се објави на неделната трка.

позитивно сум расположен за успешен крај на преговорите пред овонеделната трка. темелите и финансиската страна се договорени и само ситни детали треба да се прецизираат пред да се потпише новиот договор – откри дејвид ричардс, претседателот на британската моторспорт асоцијација.

Весникот пренесува дека состанокот на Чејс Кери со претставници на Владата и градот Лондон со цел организација на градска трка, ги забрзало преговорите со Силверстон.