Несреќата во која загина Формула 2 возачот Антоан Хубер служи како потсетување за непроменливата вистина дека моторспорт трките никогаш нема да бидат безбедни.

Статијата е превземена од Ендру Бенсон, главен Ф1 новинар на ББЦ во Спа-Франкошамп.

Разбирливо и за жал, таа донесе темен облак над Белгиското Гранд При викендов.

Бидејќи безбедноста се подобрува со текот на годините, несреќите како оваа и нивните ужасни исходи станаа ретки. Но, кога и да човечко суштество се качи во проектил и се натпреварува со други автомобили со брзина од над 160 километри на час, се ризикува многу.

Овој ден инаку ќе беше исполнет со вести за квалификациите во првиот ред на Ферари, дали тие конечно би можеле да донесат победа оваа сезона и слично, но луѓето кои работат во Формула 1 знаат лоша несреќа кога ќе видат една, а реакцијата на оваа беше моментална.

Светскиот шампион Луис Хамилтон во тоа време водеше телевизиски интервјуа и гледаше на ТВ екраните, како што прават возачите на Ф1, додека во тоа време беше означен почетокот на трката во Ф2. Како што несреќата се одвиваше во целото свое ужасно насилство, тој рече: “О, леле. Се надевам дека е добро детево. Леле. Тоа е застрашувачко.“

Во Ред Бул, нивниот нов возач Александар Албон ја одржуваше својата прес-конференција со медиумите, додека трката во Ф2 се одвиваше на телевизискиот екран зад него. Новинарите вдишаа во ужас од тоа што го гледаа. Албон се сврте наоколу, виде што се случува и не рече ништо. Потоа, по една минута или повеќе, му укажа на својот ПР асистент дека ја прекинува сесијата со новинарите.

Веднаш, иако немаше потврда за сериозноста на несреќата, падокот во Спа беше потполно тивок. Изразите на сите закочени. Ситуацијата беше примена со стоизам и тивко размислување. Трките се тежок, брутален бизнис, на бројни начини, но спортот, исто така, се смета за семејство и ретко се чувствува поблизу одколку во вакви моменти.

Овие моменти ги соочуваат возачите во многу непосредна смисла со опасностите од професијата што ја избрале затоа што ја сакаат. Ризикот што тие го преземаат е својствен дел од таа љубов, колку и да е тешко за некои да го сфатат.

Се разбира, тие не сакаат да бидат повредени, или уште полошо, но самиот факт што можат да бидат, додава дополнително силно мислење за активност која веќе ги наградува своите учесници со чувства кои едноставно не можат да се доживеат на кое било друго место.

Комбинацијата на рамнотежа, храброст, вештина, расудување и возбуда што доаѓа од контролирање на тркачки автомобил на самиот раб со голема брзина и обид да ги победи сите други додека го прави тоа, е она што ги прави тркачките возачи да се издвојуваат од другите луѓе и го прави овој спорт различен од повеќето други спортови.

Исто така, тоа е дел од апелот до луѓето што го гледаат. Тие не сакаат да ги видат луѓето повредени, но тие го ценат она што го прават возачите, што се бара од нив и што се се ризикува.

Не случајно, Хемингвеј рече:

Постојат само три спортови: борба со бикови, моторспорт и планинарење; сите останати се само игри.

Како што кажа и самиот Хамилтон:

Ако еден од вас гледајќи и уживајќи во овој спорт мисли за секунда дека тоа што го правиме е безбедно, вие сте во голема грешка. Сите овие возачи го ставаат својот живот на линија кога се на патеката и луѓето треба да го ценат тоа на сериозен начин затоа што не се цени доволно. Не од навивачите, ниту од некои луѓе што всушност работат во спортот.

Антоан е херој што се однесува до мене, затоа што го превзеде ризикот за да ги брка своите соништата. Толку сум тажен што се случи ова. Да се сеќаваме на него.

Хубер е првиот човек што починал како резултат на несреќа во трка санкционирана од меѓународното раководно тело ФИА по Жил Бјанки, кој се здоби со ужасни повреди на главата во несреќата за време на Гранд При-то во Јапонија во 2014 година и почина следниот јули.

Последниот возач кој загина во голема трка беше британецот Џастин Вилсон – удрен во глава од остатоци за време на трката во ИндиКар во Поконо, Пенсилванија во Август 2015 година.

Од тогаш се случија голем број сериозни несреќи, но без жртви, што е доказ за тековните работи во моторспортот за подобрување на безбедноста.

Ќе има целосна истрага за оваа несреќа. Ќе се разгледа дали “хало“ уредот за заштита на главата, кој беше воведен минатата година како директен резултат на несреќата на Бјанки, ја завршил својата работа како што беше предвидено. Силата на ударот ќе биде анализирана. Ќе се научат лекции и ќе се воведат промени. Но, во некои случаи, нема што повеќе да се направи. Човечкото тело е ограничено колку може да издржи и затоа ризикот во мотоспортот никогаш не може целосно да се искорени.

Спа-Франкошамп, каде се случи оваа несреќа, е една од најголемите во светот, најисториските, најбрзите, најпредизвикувачките и, да, најопасните тркачки патеки. Возачите со нетрпение очекуваат да се натпреваруваат таму повеќе од било која друга трка. Но, тие не го прават тоа лесно. Тие го прават тоа со целосна свест за ризикот кој го преземаат.

Сабота вечер, на вечера со пријателите и колегите, 20-те возачи на Ф1 ќе размислат за загубата на човек што некои од нив го познаваа, некои се тркале против него, а некои само се свесни дека тој е некој кој најверојатно, еден ден наскоро, ќе беше еден од нив.

Во недела, тие ќе се разбудат и ќе пристигнат на Спа и ќе продолжат со нивните вообичаени подготовки пред трката. Тие ќе го сторат тоа со сериозност, трезвеност и одлучна решеност да продолжат со работата како и вообичаено.

Потоа, во 15:10 часот по локално време, тие ќе гледаат кон пет црвени светла кои ќе се палат едно по друго, а потоа ќе изгаснат и по неколку секунди ќе се тркаат нос до опашка, а можеби дури и рамо до рамо приближно 320 километри на час на истото место каде помалку од 24 часа претходно, еден нивен колега го загуби својот живот.

Спортот што го сакаат им носи неверојатни височини и како во Сабота, ужасни падови. Комбинацијата на се што го прави толку возбудлив, ужасен, трагично посебен.

Тие навистина не се како останатите.