Тајфунот Хагибис се наоѓа пред Јапонија, а метеоролозите предвидуваат дека ќе стигне до Автодромот Сузука во Сабота. Американската војска го карактеризираше ураганот во 5та категорија, а во моментов неговата сила се интензивира, но се очекува да ослабе штом удри во копното.

Сепак, бурата и дождот кој ураганот со себе го носи, може да направи големи проблеми на Формула 1 трката.

Стефен Диетз, поранешен метеоролог во Формула 1, на својот Твитер профил објави последни претпоставки и прогнози околу ситуацијата со времето.

Хагибис сеуште е многу моќен супер тајфун со ветер од преку 300 километри на час. нумеричките модели велат дека до петок нема да стигне до патеката, а потоа постои несигурност. од денешна гледна точка, во сабота тајфунот ќе биде помеѓу сузука и токио.

раздалеченоста од средиштето на тајфунот ќе има многу голема улога за невремето кое ќе се почувствува. во овој момент на раздалеченост од 100 километри можни се 100 милиметри дожд, тоа е далечината од средиштето на сузука. за денот на трка ситуацијата треба драстично да се подобри – најави диетз.

Формула 1 и ФИА будно ја следат ситуацијата, но за сега не се најавени никакви проблеми во распоредот на возење.

На Јапонското Гранд При во 2004 година исто така имаше појава на тајфун, по што квалификациската сесија беше одложена за Недела наутро.