Славниот дизајнер на Формула 1 патеки, германецот Херман Тилке, смета дека Игора Драјв патеката блису руски Санкт Петерсбург е способна да организира Формула 1 трка, откако следната година ќе бидат домаќини на трка од престижниот германски ДТМ шампионат.

Игора е лоцирана на два часа возење од големиот Санкт Петерсбург, а медиумите за време на Руското Гранд При во Сочи пренесоа дека трката може да биде преселена од монденското руско летувалиште на Црното Море.

Игора Драјв, како и многу други патеки, е дело на Тилке, кој смета дека рускиот автодром може да организира трка.

не можам да кажам ништо конкретно затоа што има многу политика и судир на многу различни интереси. но, игора драјв е неверојатен проект и една од најдобрите патеки – смета тилке за своето дело.

Сепак, Херман признава дека окружувањето во Сочи, патека која исто така ја има дизајнирано е поспектакуларно од она што се наоѓа околу Игора Драјв.

нема планини високи како во сочи, но блиску е до санкт петерсбург, целата убавина е таму.

уникатноста на патеката до санкт петерсбург е во конфигурацијата со брзи кривини, промени на надморската височина и можности за многу претекнување.