Мерцедес одат во Јапонија викендов со цел и теоретски да ја обезбедат шампионската титула во конкуренција на конструктори откако на минатата трка во Сочи се вратија н победничките патеки со 1-2 победа, прва од Британското Гранд При во Силверстон во Јули.

Австриецот Тото Волф откри дека резултатот во Русија силно ги мотивирало сите во екипата да се победат ривалите кои по летната пауза станаа многу конкурентни.

по три трки без победа да се стигне до 1-2 во сочи беше одлично чувство. испорачавме силни перформанси во русија, имавме одлична трка и искористивме најголем дел од можностите кои ни се укажаа, а луис и валтери возеа безгрешно. донесовме 44 поени за тимот и направивме поголема предност во конструкторскиот шампионат за последните пет трки од календарот.

сепак, победата во сочи не го менува фактот дека ферари имаа силен почеток на вториот дел од сезоната, посилен од нас секако. носиме мали новини на болидот во јапонија кои се надеваме дека се чекор во правилна насока, но знаеме дека мораме да извадиме се од нашиот болид и гумите ако сакаме да предизвикаме за победа – смета тото.

Јапонска Сузука им годи на Мерцедес кои победуваат на секоја трка таму од стартот на В6 турбо хибридната ера во 2014 година. Исто така, германскиот производител освојува пол позиција на сите трки, а последните две саботни триумфи му припаднаа на Луис Хамилтон.

Доколку Мерцедес освои 15 поени повеќе од Ферари, тогаш тие и теоретски го освојуваат конструкторскиот наслов за 2019 година.

Иако историски патеката “им лежи“ на Мерцедес, Волф очекува значително посилни ривали:

трката во иконската сузука со неверојатна комбинациај на кривини и многу ентузијастички фанови е нешто посебно. таму имаме одлична историја откако победуваме на сите трки во хибридната ера, но очекуваме сезонава да имаме поголем предизвик од конкурентите. ќе биде блиска битка на патеката, борба која со нетрпение ја очекуваме. нашата цел за последниот дел од сезоната е да го довршиме она што го започнавме со нови титули.