Макс Верстапен, Даниел Рикардо и Валтери Ботас ќе бидат возачите кои ќе возат Формула 1 болиди во Лос Анџелес следниот месец како дел од Фестивалот за фановите на славниот Hollywood Boulevard.

Триото ќе биде главна атракција на настанот наречен ‘Hollywood Festival’ кој ќе се случи на 30 Октомври, Среда, во терминот помеѓу Мексиканското Гранд При и Големата награда на Америка. Болидите ќе се движат п обулеварот познат по знаменитостите и музеите.

Комерцијалниот шеф на спортот, Шон Брачес, верува дека по фестивалот ќе следуваат и други настани во Мајами и Чикаго со цел да се зголеми атрактивноста на спортот во Соединетите Американски Држави.

возбудени сме што се враќаме во сад со трето продолжение на фестивалите за фановите таму. лос анџелес е иконски град познат по шоу-бизнисот и поради сме многу возбудени да го додадем славниот булевар на нашата мапа за прв пат.

Ден пред настанот кој ќе го организира Формула 1, ќе има и ‘Hollywood Ride of Fame’ изложба на која ќе бидат изложени и доста Формула 1 болиди.