Прославата на 90-годишнината на Ферари кулминираше на познатиот Piazza Duomo во Милано вчера на настан кој во целост ја покажа историјата на Скудерија, нивната сегашност и она на што целат во иднина.

Ергела на иконски болиди и автомобили беа изложени на познатиот плоштад, врвно автомобилистичко и моторспорт наследство во чест на легендарниот основач Енцо Ферари.

Алан Прост, Жан Алеси, Герхард Бергер, Рене Арно, Еди Ирвајн, Лука Бадоер, Иван Капели, Џанкарло Фисикела, Кими Раиконен, Антонио Џовинаци и Фелипе Маса присуствиваа на настанот како и Лука ди Монтеѕемоло, Чезаре Фиорио, Жан Тод, Стефано Доменикали и Маурицио Аривабене и се разбира актулното раководство составено од Пиеро Ферари, Луи Камилиери и шефот на Формула 1 тимот Матиа Биното.

Себастијан Фетел и Шарл Леклер беа пред сите “паркирани“ пред Дуомо, а на видно место беа и младите возачи од Академијата Џулиано Алеси, Калум Илот, Мик Шумахер, Маркус Армстронг, Роберт Шварцман и Енцо Фитипалди.

Кулмунацијата на настанот по повод 90 години Ферари беше моментот кога Анџело Стичи Дамиани, Претседателот на италијанската втомобилистичка федерација, се качи на бината и потврди дека Монца има нов петгодишен договор со Формула 1.