Бордот на Фиат Крајслер групацијата, на состанок донесе одлука да го поглече предлогот за евентуално спојување со францускиот производител Рено.

Фиат Крајслер остануваат убедени дека предлогот бил рационален и од него ќе имале голема корист двете страни, но поради политичките услови во Франција, таква комбинација не е можна.

Фиат Крајслер се заблагодари на Рено, а посебно на Претседателот и Извршниот директор на групацијата за нивниот контруктивен приод кон предлогот на ФЦА.

ФЦА останува на својата обврска за имплементација на независна стратегија.