Формула 1 групацијата ужива во мало и скромно зголемување на приходите во вториот квартал од 2019 година во споредба со 2018 година, иако повеќето од најприходните трки беа на самиот почеток од сезоната.

Во севкупните резултати кои ги објави Либерти Медиа, приходите се покачиле од 585 на 620 милиони долари по периодот помеѓу Април и Јуни, додека оперативниот приходи се зголемил од 14 на 26 милиони.

10те трки имаа зголемени давачки од 307 до 335 милиони долари споредено со истиот период од минатата година, а повеќе се поврзани со зголемувањето од приходите.

Приходите се зголемија и покрај трката во Бахреин, кој е една од тие кои имаат најголеми давачки за одржување во сезоната. Седум трки се одржаа во вториот квартал, но годинаваа Бахреин беше заменета со трката во Австрија. Таа промена влијаеше над приходите во падокот.

Приходите од промоција на трките се намали поради различно учество со одредени трки во вториот квартал од 2019 во однос на 2018 година, променето поради зголемувањето на давачките со моменталните договори.

Приходите од преносот се зголемија поради нови договори. Приходите од рекламите и спонзорството се зголемија поради новите договори од почетокот на втората половина на 2018 година.

Други приходи се намалија во вториот квартал поради распоредот на трки, што резултираше кон помала ТВ продукција и приходи од падокот – вели Чејс Кери.