ПОЧЕТНА Ф1 КАЛЕНДАР ВЕЛИКА БРИТАНИЈА

ВЕЛИКА БРИТАНИЈА

14

јули

ПОБЕДНИК ВО 2019

ЛУИС ХАМИЛТОН

ПРВО ГРАНД ПРИ

1950

ДОЛЖИНА НА КРУГ

5,8 км

кругови

50

рекорд

1:30.621
ЛУИС ХАМИЛТОН

квалификации

15:00

трка

15:10

ВЕСТИ

силверстон

Како и многу патеки во Англија, Силверстон првично беше аеродром. Кога заврши Втората светска војна во 1945 година, другите две британски патеки, Донингтон Парк и легендарниот Бруклендс, беа во очајна состојба. Така, надвоешната писта и околните патчиња во Силверстон станаа дел од Кралскиот Автомобилски Клуб и домаќин на Британското ГП во 1948 година.

Патеката беше брза и предизвикувачка и во 1949 година беше оформен изгледот на денешниот Силверстон. Кога Формула 1 првенството беше оформено во 1950 година, Силверстон беше домаќин на првата трка, каде Џузепе Фарина на Алфа Ромео ја однесе победата. Во 1951 година, Клубот на Британските тркачки возачи доби дозвола од Кралскиот автомобилски клуб да направи модификации на патеката. Боксовите беа поместени од правецот Фарм на правецот помеѓу Вудкот и Копс, а во големата патека беше изградена и помала патекаа, која ја пресекуваше оригиналната од Бекетс до Вудкот.

Од 1955 година, Британското ГП се менуваше помеѓу Аинтре и Силверстон, а во 1960тите продолжи помеѓу Силверстон и Брендс Хеч.

Во 1971 година Клубот на Британските тркачки возачи ги купи сите 720 ари земјиште на и околу Силверстон и одново ја развиваше патеката. Беа изградени нови боксовои и шикани на Вукдот кои донесоа многу тесни финиши на трки и можности за претекнување.

Во 1987 година почнаа да се постигнуваат огромни брзини и затоа беше изграден нов свиок пред Вудкот. Во 1992 година, повторно поради брзините, нов комплекс од кривини изнинкна помешѓу Фарм и Вудкот. Последниве години, многу пдобрувања беа направени на објектите околу патеката. Во рамките на Силверстон постои училиште за тркање, а со финансии од Владата беше изграден и нов пат кој во огромна мера ја подобри пристапноста до овој Автодром, кој важеше за патека лоцирана никаде.

Во 2010 година, уште една голема промена на патеката дизајнирана за дополнително подобрување на уживањето на гледачите и предизвикот за возачите. Новиот лејаут од преработениот Аби до новиот комплекс свиоци Арена ги носи возачите на главниот правец на Силверстон, пред повторно да се приклучат на старата патека кај Бруклендс.