ГОЛЕМА НАГРАДА НА

ГЕРМАНИЈА

ЛУИС ХАМИЛТОН

44

МЕРЦЕДЕС

ЕКИПА

МЕРЦЕДЕС

националност

англија

дата на раѓање

07/01/1985

гранд при трки

228

подиуми

133

победи

72

титули

5

ВЕСТИ

БИОГРАФИЈА

Луис Карл Дејвидсон Хамилтон е британски тркачки возач кој во Формула 1 настапува за екипата на Мерцедес АМГ Петронас. Како петкратен шампион тој често се смета за најдобриот возач на својата генерација, а пошироко и како најдобар возач во историјата на спортот.

Првата титула во Формула 1 ја освои со екипата на Мекларен во 2008 година, а потоа премина во Мерцедес каде освои две последователни титули во 2014 и 2015 година. Две години покасно ја освои титулата во 2017, а потоа и во 2018 година. Статистички гледано, тој е најуспешниот британски возач во историјата на спортот. Хамилтон има 5 титули, 72 победи. Тој исто така го држи рекордот за најмногу освоени поени, вкупно 2993, најмногу победи на различни патеки (26), најмногу пол позиции, вкупно 82.

Роден и израснат во Стевениџ, Хердвордшир, интересот на Хамилтон за моторспортот почнува кога татко му му купува автомобил на далечинско управување кога имал шест години.

Во 1998 година тој потпишува со јуниорската програма на Мекларен. Три години покасно на доделување на награди тој му пристапува на Рон Денис велејќи “еден ден сакам да се тркам со твоите болиди“. По освојување на титулата во Британската Формула Рено, Формула 3 Евро Серијата и ГП2 првенството, тој го имаше своето деби во Формула 1 дванаесет години покасно по средбата со Денис. Хамилтон воедно е единствениот црномурест возач кој се тркал во Формула 1.