Според шефот на Формула Е, Алехандро Агаг, јапонска Хонда е заинтересирана за влез во Формула Е, но тоа ќе се случи откако ќе имаат успех во Формула 1.

Формула Е сака да се прошири во Јапонија која е голем пазар за електрични возила и претходно бараше локација за трка додека Агаг очекува јапонски возач да вози во шампионатот.

Тие веќе имале разговори со Хонда во минатото каде им било објаснето дека производителот би имал поголема корист во однос на трошоци и технологија.

Рено беше еден од првите производители кои дојдоа во Формула Е преку нивниот партнер Нисан.

Менаџерот на Хонда Ф1 Масаши Јамамото правеше големи промени во нивните моторспорт активности.

ФОрмула Е е целосно различна категорија. Таа се вози на улични трки во градовите и е повеќе рекламирање отколку тркање.

Како Хонда веќе имавме разговори со Алехандро Агаг. Го следиме развојот. Сега го презентиравме нашето прво електрично возило кое ќе започне со продажба во Европа.

Има многу заинтересирани за електрични возила. Има технологија која може да се користи и кај обичните автомобили. Тоа е причината поради која имаме интерес.

Мекларен имаше 3 лоши сезони со Хонда, а потоа Хонда почна да ја гради својата репутација во Ф1 со Торо Росо и Ред Бул. Минатата недела во Австрија тие дојдоа до својата прва победа од 2006 година.

Нашиот фокус е на Ф1. Доколку се трка Хонда, мора да победиме. Мора да достигнеме задоволително ниво во оваа серија. Тоа ни е приоритет.

Хонда не е сигурна за по 2020 година а победата на Верстапен сепак им дава некаква решителност за нивната иднина. Но Формула Е нема сигурно да дојде по 2020/2021 година. Во секој случај Хонда ќе мора да купи некој постоечки Формула Е тим или да стане партнер на некој тим кој не е поврзан со производител. Драгон Рејсинг е независен тим со сопствен погон додека Енвижн Виргин Рејсинг е единствен вистински клиентски тим кој има повеќегодишен договор со Ауди.

Формула Е не планира да го прошири гридот на повеќе од 12 тимови, а бројката ќе ја достигне наредната сезона со влегувањето на Порше.