Нико Хулкенберг изјави дека сеуште не е подготвен да ја промени тркачката серија и да се трка во електричната Формула Е серија.

Гласините велат дека доколку Хаас се решат да го отпуштат Роман Гросжан, тогаш тој би се вдомил во електричната серија.

Слична иднина има и Нико Хулкенберг кој ја одработува својата последна сезона од тригодишниот договор со францускито фабрички производител.

не сум сеуште подготвен за формула е и ми се допаѓа тоа што во моментов го правам.

секако дека мојата иднина зависи од можностите кои ќе ми се укажат, но за сега сум фокусиран ексклузивно и само на формула 1 – најави хулк.

Рено отворено изјавија дека работат на проценка на можностите во однос на возачите за 2020 година, а гласините го сместуваат Хулкенберг или во американски Хаас или во Формула Е кај Порше.

гласини постојат секогаш, формула 1 е таква. сеуште верувам дека ќе останам во формула 1 и ништо не е променето.