Јос Верстапен тивко најави дека неговиот син Макс можеби нема да остане во Ред Бул по крајот на актуелниот договорот, односно по 2020 година.

21-годишниот холанѓанец е јасен број 1 возач на тимот сезонава, но татко му кој исто така има Формула 1 кариера, не исклучува трансфер во друга екипа.

како што стојат работите во моментов, добро е за макс да остане во ред бул. но ние многу внимателно го анализираме развојот на настаните – изјави јос за холандски De Telegraaf.

Минатиот месец се појавија шпекулации дека Јос и Тото Вол често комуницираат и разговараат на таа тема, на што шефот на Мерцедес потврди дека е блисок пријател со Верстапен постариот, но не разговараат за Формула 1.

мислевме дека годинава ќе имаме поголема шанса, но мерцедес имаат подобра шасија и подобар мотор. во сегашнава ситуација можно е макс да не победи на трка цела сезона – дополни јос.

Кон крајот на 2017 година, Макс го продолжи својот договор со Милтон Кинс кој го обврзува на верност до крајот на 2020 година.

на долг рок мораме да размислуваме што ќе правиме периодот кој следи. правилата значајно се менуваат за 2021 година, а потоа никој не знае што ќе се случи и каде ќе бидеме ние.