Карлос Саинз стигна до втор последователен пласман на петто место за Големата Награда на Унгарија, но иако можеби во Германија тоа беше “на среќа“ поради условите, на Хунгароринг шпанецот извозе одлична трка и сосема заслужено стигна до резултатот.

Досега во сезоната и Саинз и неговиот тимски колега, Ландо Норис, го заслужија нашето внимание со нивните искрени, возбудливи и комични реакции во повеќе наврати, а реакцијата на Саинз по финишто на Унгарското Гранд При не беше исклучок.