Ландо Норис имаше можност за одличен резултат за себе и екипата на Мекларен во своето прво издание на трката за Голема Награда на Канада.

Но младиот дебитант немаше среќа со својот болид, откако по преголемо загревање на сопирачките, истите ја стопиле суспензијата на неговиот болид, по што тој мораше да се откаже на стартно-целната рамнина.

Првично изгледаше дека Норис имал контакт со Ѕидот на Шампиони, но видеото покажува поинаква ситуација.