Валтери Ботас имаше ужасен старт на Хунгароринг што беше главен виновник што финишираше на 8мо место, иако почна од првиот ред.

Финецот ги блокираше тркалата на првите две кривини по што стана лесен плен за Хамилтон со кого имаше контакт додека се бранеше, а потоа го мина и Леклер кој исто така “го закачи“ по задното тркало. Како резултат на тоа мораше во гаражата по ново предно крило.