Формула 1 го откри првото видео од концептот на болидите за 2021 година во воздушен тунел, на што е претставен очекуваниот аеродинамичен пакет со земјен ефект.

Во соработка со ФИА, техничкиот тим на Ф1 ја претстави првата верзија од очекуваните промени за 2021 година. По тестирање со CFD технологија (Computational Fluid Dynamics), Ф1 произведе модел на болид 50 проценти помал од реалниот, кој беше тестиран во воздушниот тунел на Заубер во Швајцарија, како што е прикажано на видеото …

CFD тестот, според одговорниот за технички прашања поврзани со едноседи при ФИА, Николас Томбази, прикажува како концептот стигнал до намалување на несаканото влијание од потисната сила на болидот кој води на само 5-10%, споредено со 45% кај сегашните болиди.

Според Томбази, тестот во воздушниот тунел ги потврдил претходните анализи.

Фундаментално, CFD-то беше точно. Немаше големи изненадувања. Има дисрупција од 5-10%, споредено со сегашните нивоа од скоро 50%, иако тоа зависи од конфигурацијата на тестот.

Покрај пакетот со земјен ефект, произведен со два драматични Вентури тунели, болидот има значително помалку аеродинамични елементи од сегашните болиди. Промените се дел од напорот на Ф1 да го подобрат тесното тркање и зголемат нивото на претекнувања, без користење на помагала како ДРС.

Техничкиот шеф на Ф1, Пет Симондс, ја пофали досегашната работа како и неверојатните резултати произведени од симулациите и тестирањето.

Резултатите ги надминаа нашите очекувања кога започнавме со проектот. Со конфигурацијата која ја имаме во моментов, резултатите се неверојатни.

Други области од интерес се предното крило, на кое крилата се директно прикачени на носот. Сегашните крила со 5 елементи се ограничени на само 3, со цел да се елиминира вортексот наречен “Y250“, што е често користена техника за создавање на бариера помеѓу несаканото влијание на струењето на воздухот од тркалата, додека задното крило е со сосема нова форма за да се намали несаканото струење од истото.

Главна цел на сето ова е тоа што се обидуваме да ги намалиме загубите за болидот кој го следи челниот. Поедноставувањето на аеродинамиката кај водечкиот болид помага при контролирање на несаканото струење на воздухот. Од друга страна, болидот кој следи, кој исто така нема да има сензитивни делови, нема да биде под влијание над истото струење.

Дополнителни промени се видни со воведувањето на раткапни (за нас ова е ужасен додаток) на тркалата од 18 инчи, како и ново оформениот Хало елемент за подобра интеграција во дизајнот на болидот.

Ф1 си постави рок до Октомври за да ги ратификува правилата за 2021 година, иако моментално не се знае дали прикажаниот дизајн ќе претрпи промени. Сегашните тимови исто така беа вклучени во процесот на дефинирање на тие правила.

Тимовите беа многу добри. Тимовите кои ги имаат ресурсите работеа на повеќе проекти со нас и тие се целосно информирани за се што се случува. Имаме состаноци неколку пати во годината, ние им ја испраќаме геометријата, а потоа тие вршат свои тестови во CFD околина и ги споделуваат податоците со нас – додаде Симондс.