Луис Хамилтон и Шарл Леклер имаа многу кругови во меѓусебен дуел, биртанскиот шампион се обидуваше да мине, а Леклер не дозволуваше соодветно да му се приближи.

На влезот од шиканата Роџиа тие се бркаа откако возачот на Ферари немаше совршен излез од Варианте. Хамилтон мислеше дека може да мине од надворешната страна, но Леклер не се согласуваше со тоа. Одбраната наиде на критики, секако само од таборот на Мерцедес.