Абитебул е против тешките болиди

Шефот на Рено, Сирил Абитебул, сака Формула 1 да ја намали тежината на болидите, сметајќи дека тоа ќе го подобри шоуто на патеката.

Времињата по круг се намалија минатите сезони како рзултат на новите правила кои дозовлуваат повеќе потисна сила, но тежината има спротивен тренд од времињата, истата се зголемува.

Сезонава минималната тежина на болид без гориво, но со возач изнесува 740 килограми, што е за 7 килограми повеќе од лани.

Ако се земат во предвид тежините од пред 10-тина горидни, Формула 1 болидите со 2,4 литарски В8 атмосферски мотори имаа тежина од само 605 килограми.

јас сум чувствителен на се што е во врска со тежината. зголемување на тежината е погрешно, јас често се борам против тоа за подобро искуство и доживување при возењето и за подобро шоу.

денешните болиди не се доволно спектакуларни затоа што се птемногу тешки, но сите не мислат како мене, а особено не тото волф кој има целосно различен став. лично сметам дека болидите треб да бидат помоќни и полесни – изјави сирил за француски Auto-Hebdo.

Тој смета дека однадвор болидите изгледаат тромаво и тешко поради што оставаат впечаток дека се бавни врз гледачите.

во третиот сектор во барселона, на шиканата можевте да видите дека болидите буквално застануваа таму тромаво. во тој сектор возачот не се мачи, а тоа е проблем затоа што дава впечаток дека секој може да го вози, а тоа не е вистина.

формула 1 треб да го врати чувството на тежина при возењето, дури и визуелно за гледачите крај патеката и на телевизија. луѓето треба да имаат чувство дека се случува нешто спектакуларно.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ