Абитебул најавува дека се подготвени за млади возачи

Првиот човек на Рено, Сирил Абитебул, верува дека созревањето на француската фабричка екипа дозволува ангажман и на помлади возачи во енстон.

Рено еден од само двете Формула 1 екипи на гридот со двајца возачи под 30 години откако крај Даниел Рикардо за следната сезона го потврдија Естебан Окон. Сирил најави дека тие се ентузијасти и ќе се обидат нивниот следен возач да биде производ на Академијата.

мислам дека за нас беше важно кога добивме можност да ангажираме признат и исполнет возач како даниел лани. штом го добивме во рено дојде моментот и за свежа крв во тимот, нешто што е тренд во енстон. инвестираме во млади возачи и во академијата и очекуваме некој од нив да стане дел од екипата во 2021 година.

тимот е динамичен, константно се менува и ние сме подготвени да им посакаме добредојде на нашите нови возачи. вакво нешто не можевме да направиме пред две години, но тимот созреа и тоа го знаеме.

ќе биде добар тест да видиме како ќе менаџираме со возачите затоа што има разлика кај 20-22-годишен возач и кај возач над 30 години – објасни абитебул.

Тој најави дека и следната година ќе биде многу тешка за тимот, но се надева дека долгорочната стратегија сериозно да нападнат со новите правила од 2021 година ќе се оствари.

да бидеме искрни, потребно е време, повеќе време одошто луѓето сакаат и од тоа што ние сакаме. живееме во свет во кој сите очекувања за перформанси и резултати се краткорочни, но екипите се одлично вгнездени, финансирани и организирани така што е тешко да се најде патот до топ 3. но, јасно е дека целиме кон тоа и естебан може да ни помогне.

продолжуваме да балансираме и треба внимателно и добро да се подготвиме за 2021 година во однос на ресурсите. естебан тоа го знае, нема разлика во однос на екипите каде до сега работел. треба внимателни да ги поделиме ресурсите и да ги поставиме приоритетите.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ