Абитебул: Не може едноставно да ја заборавиме казната на Фетел

Првиот човек на Рено, Сирил Абитебул, смета дека Формула 1 не може едноставно да заборави на казната на Себастијан Фетел од Канада и да продолжи понатаму, туку потребни се промени.

Казната од 5 секунди поради небезбедно приклучување на патеката му ја одзема победата на германецот, но предизвика и лавина реакции од многумина инволвирани во тркачката серија.

Французинот Абитебул смета дека спортот има навика многу често да ги остава контроверзиите зад себе без при тоа темелно да се дискутираат, да се направат прилагодувања и подобрувања, нешто што смета дека треба да се стори овој пат.

секогаш кога инцидент сличен како оној на фетел се случува, тогаш разговараме и разговараме, а потоа одиме на целосно друга тема. тоа е проблемот на формула 1, нема константност во аплицирање на одлуките.

ако сметам дека има проблем тогаш треба да се осигураме да го поправиме проблемот, а не да заборавиме на  него. исто е и со правилата.

не сакам да кажам ништо за тој инцидент на фетел затоа што не го гледав толку многу и си ја гледав сопствената трка, но ако има проблем, треба длабински да го анализираме пред да го решиме.

размислуваме за тоа во жештината на моментот, за време на трката, најмногу до понеделник, а потоа се насочуваме на нешто друго. ако пости реален проблем тогаш треба да го решиме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ